Намален интересот на компаниите за јавните набавки

Bez autora
Oct 19 2010

Македонските компании не се заинтересирани за искористување на државните пари преку јавните набавки. Од година во година бројот на компании кои аплицираат на тендерите се намалува, а од друга страна пак, секој четврти тендер е поништен. Според кварталниот извештај од мониторингот на процесот на јавните набавки во Република Македонија за периодот од април до јуни оваа година што го подготви Центарот за граѓански комуникации, за разлика од претходниот квартал, за еден процент е намален бројот на компании кои конкурираат на јавните огласи. Анализата открива негативни трендови. Во секоја постапка за јавна набавка со свои понуди во просек учествуваат по пет комапнии, што е за една помалку од лани. Во 40 проценти од постапките за јавни набавки во периодот од април до јуни, понуди доставиле само една или две компании, за разлика од јануари до март каде на 20 проценти од огласите понуди доставиле една до две компании.

Намален интересот на компаниите за јавните набавкиМакедонските компании не се заинтересирани за искористување на државните пари преку јавните набавки.

Од година во година бројот на компании кои аплицираат на тендерите се намалува, а од друга страна пак, секој четврти тендер е поништен. Според кварталниот извештај од мониторингот на процесот на јавните набавки во Република Македонија за периодот од април до јуни оваа година што го подготви Центарот за граѓански комуникации, за разлика од претходниот квартал, за еден процент е намален бројот на компании кои конкурираат на јавните огласи.

- Анализата открива негативни трендови. Во секоја постапка за јавна набавка со свои понуди во просек учествуваат по пет комапнии, што е за една помалку од лани. Во 40 проценти од постапките за јавни набавки во периодот од април до јуни, понуди доставиле само една или две компании, за разлика од јануари до март каде на 20 проценти од огласите понуди доставиле една до две компании - се вели во кварталниот извештај каде што се потенцира дека конкуренцијата засега е силна само во полето на медицинската и информатичката опрема.

Како што е наведено во извештајот, констатираната тенденција на намалување на бројот на понуди мора да се земе како сериозен проблем, бидејќи упатува на постоење на бариери во сферата на јавните набавки со што се нарушува конкуренцијата меѓу добавувачите. Ваквиот амбиент го загрозува рационалното и ефикасно искористување на државните пари чиј износ е значаен.

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Илми Селмани, смета дека Македонија има одличен закон, но оти треба да се посвети повеќе внимание на луѓето кои работат на негово спроведување.

- Имаме одличен закон, а набавките ни стануваат се повеќе проблем. Државната комисија за спречување на корупцијата постојано повикува дека јавните набавки се област која најмногу е подложна на корупција, но без реална политичка волја да се спречат процесите во однос на корупцијата во оваа област, не ќе можеме да имаме ефекти и резултати во работењето - нагласи Селмани, додавајќи дека има прекршувања на законот што доведува во намалување на интересот на компаниите да конкурираат на одреден тендер.

Според анализата на економските оператори направена за време на изготвување на извештајот, еден од проблемите кои и понатаму се продлабочува се тешкотиите при наплата на побарувањата.

- Ова секако делува дестимулирачки брз компаниите, бидејќи дополнително ја влошува нивната финансиска моќ и онака ослабена од економската криза - се вели во извештајот.

Други проблеми со кои се соочуваат компаниите при аплицирање за понудите за јавни набавки се нејасната тендерска документација и техничка спецификација, неправилно оценување и фаворизирање на одредени понуди, долг период на донесување одлука, висок износ на банкарска гаранција и уште многу други.

На вчерашната конференција за јавни набавки имаше претставници од Словенија дојдени да споделат нивни искуства на ова поле.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik