Половина од тендерите без електронско наддавање

Bez autora
Apr 29 2012

За половина од тендерите за јавни набавки во последните три месеци од минатата година не било организирано електронско наддавање. Електронските аукции биле откажани затоа што имало само еден понудувач, или пак, било оценето дека е прифатлива само една од достасаните понуди. Ова е една од аномалиите при јавните набавки утврдена со редовниот квартален мониторинг што го врши Центарот за граѓански комуникации. Ваквата ситуација, според оценката на Центарот е резултат на високо поставените критериуми за квалификација на фирмите, а го доведува во прашање рационалното трошење на народните пари, зашто на електронски аукции обично се нудат повисоки цени со очекување на негативно наддавање.

Половина од тендерите без електронско наддавањеЗа половина од тендерите за јавни набавки во последните три месеци од минатата година не било организирано електронско наддавање.

Електронските аукции биле откажани затоа што имало само еден понудувач, или пак, било оценето дека е прифатлива само една од достасаните понуди.

Ова е една од аномалиите при јавните набавки утврдена со редовниот квартален мониторинг што го врши Центарот за граѓански комуникации. Ваквата ситуација, според оценката на Центарот е резултат на високо поставените критериуми за квалификација на фирмите, а го доведува во прашање рационалното трошење на народните пари, зашто на електронски аукции обично се нудат повисоки цени со очекување на негативно наддавање.

Мониторингот покажува и дека 21 отсто од тендерите, претежно со поголем број наддавачи, биле поништени. Во однос на 2010 година, лани вредноста на зделките склучени со непосредна спогодба, без тендер, била за 50 насто поголема и изнесувала 39,40 милиони евра, од кои 10 милиони во последниот квартал од минатата година.

Во ова истражување Центарот за граѓански комуникации изработи и индекс на рационалност на јавните набавки и тоа за производите огревно дрво, бехатон плочки, изработка на веб страница, здравствен преглед на вработените и одржување на противпожарни апарати. Индексот покажува дека институциите имале различен пристап при набавките и ги реализирале по различни цени. Највисоката цена платена за услугата - изработка на веб страница била за 470% повисока од најниската, кај огревното дрво разликата била 121%, кај бехатон плочките 41%, а кај здравствениот преглед 530%. Во набавката за услугата противпожарна заштита цените од институција до институција се движеле од 23.600 денари до 2,5 милиони денари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik