Саем на електромобили

Bez autora
Oct 12 2022

Во „Ист гејт мол“, oд 12 до 16 октомври, ќе се реализира првиот саем на електромобили со мото „Возиме на струја“!

Сите љубители на автомобили и посетители на „Ист гејт мол“ ќе може да ги видат изложените модели на електричен погон, како и хибриди, и да се зaпознаат со нивните предности за да се создаде подобра и поеколошка иднина.

Електромобилите од брендовите на Tesla, Alfa Romeo, Fiat, Porsche, Citroen, MG Motors, Toyota, Volkswagen, Opel Corsa, Seres и Yoyo ќе бидат изложени на разни места во центарот на приземјето.

Покрај електромобилите, ќе бидат изложени и други типови електрични возила и превозни средства: електрични машини за чистење од Green Machines, електрични велосипеди и електрични мопеди од All electrics, како и првото електрично „фиќо“ во земјата, иновација поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој и BB Classic.

За време на саемот посетителите ќе може да ги видат и полначите за електрични автомобили на Olympia Motors.

Саемот на електромобили е отворен за сите од 10 до 22 часот, паркингот е бесплатен, а имателите на автомобили ќе може да добијат попусти и специјални понуди од „Мотоцентар“, сервисот за миење автомобили „Мега“, продавницата за автоделови „Мега“  и од „Кар бокс автокозметика“.

Партнер на саемот е „Автоплус“, а целата манифестација е поддржана од покровителот „Шпаркасе лизинг“, партнерот НЛБ банка АД Скопје, а присутна е и Прокредит банка Македонија, кои ќе ги презентираат финансиските услуги за набавка на овој тип автомобили.

Една од стратешките определби на „Ист гејт мол“ е заложбата за почист град, почиста животна средина и поеколошка иднина и ова е дел од активностите што „Ист гејт мол“ ќе ги реализира во иднина.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik