Бесими: Издвоивме најмногу средства за мерки како процент од БДП во регионот, во борбата со енергетската и ценовната криза

Bez autora
Oct 12 2022

Од почетокот на енергетската и ценовната криза, Владата имаше најсилен фискален одговор во регионот, дури за неколку пати посилен во однос на останатите земји од Западен Балкан, што беше нотирано и од Светска банка. Но, борбата против кризата не се само мерките, таа се води на повеќе нивоа.

Покрај пакетите антикризни мерки, се преземаат мерки за финансиска одржливост и задржување на стабилноста, како и реформи во јавните финансии кои ќе придонесат за подобар систем на јавни финансии, кој ќе го забрза растот по кризата, пишува во својата најнова колумна министерот за финансии Фатмир Бесими.

Тој посочува дека преку владините политики мора да се балансира, од една страна да се зачува економската активност во позитивната зона, како и социјалната стабилност, а од друга страна да се зачува макроекономската стабилност, од аспект на долгот и инфлацијата.

Министерот за финансии истакнува дека на почетокот на кризата, за да се успори прелевањето на инфлаторните притисоци се преземал пакет на мерки од 400 милиони евра, кои потоа биле надополнети со мерки во ребаласнот на буџетот и како трет сет на мерки е најновиот пакет од 360 милиони евра, кој беше презенетиран пред неколку дена.

Покрај антикризните мерки, во насока на фискална одржливост, Владата донесе и план со кој ќе се намалат трошоците на буџетските корисници, а воедно и ќе се подобри наплатата на приходи во буџетот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik