Последно – нова повисока цена забележа лебот, кој кај одредени фирми е поскап за 5 денари.
Граѓаните се жалат дека изминатиов период и дел од останатите производи кои се со ограничени маржи забележуваат благ раст.
Пред камерата на Канал 5 велат дека примањата не стигнуваат да ги подмират ниту основните потреби. Живеачката е поскапа од месец во месец.
Сепак, за нова помош граѓаните ќе треба да почекаат уште еден месец. Нов пакет антикризни мерки надлежните најавија за септември, кој ќе важи само за ранливите категории граѓани и фирми кои се најмногу погодени од растот на цените на храната и енергенсите.
За справување со енергетската криза пак, најавено беше дека месецов ќе се прогласи и нова кризна состојба во енергетиката, со цел да се префрлат финансии за ЕСМ да може да набавува енергенси за да го зголеми производството на електрична енергија. Но, останува неизвесно кога ќе се прогласи бидејќи Владата и Собранието од денеска се на колективен одмор.