Ванделт го информираше Мицкоски за претстојните проекти кои ќе ги реализира АХК Македонија, како делегациската посета од страна на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија.  Посета на земјата од страна на германски компании на тема декарбонизација во индустријата, како и делегациско патување на тема обновливи извори на енергија.

Премиерот Мицкоски го истакна големиот интерес на Владата за проширување на економската соработка со Германија, најважниот трговски партнер на  Македонија и важен инвеститор во индустрискиот сектор.

Воедно Мицкоски истака дека Владата сака и во иднина да ја продолжи тесната соработка со АХК  Македонија.