Приватизацијата на градежното државно земјиште поскапува за 30 пати

Bez autora
Mar 31 2022

Владата го усвои предлогот на Министерството за финансии за измена на уредбата за приватизација на градежно државно земјиште, со што се менува висината на надоместот за приватизација на градежното земјште во државна сопственост.

Со измените, за 30 пати се зголемува цената на неизграденото земјиште наменето за колективно домување и комерцијален деловен објект, за стопански производни објекти таа се зголемува 20 пати. Надоместот за приватизација на државното градежно земјиште, кое е за индивидуално домување или колективно домување што е изградено, останува непроменет од 61 денар за квадратен метар, информира Министерството за финансии.

Уредбата, како што објаснуваат, се однесува на надоместокот за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост, што се спроведува од страна на Управата за имотно-правни работи. Станува збор за приватизација на државно земјиште, само во услови каде што е стекнато корисничко право.

Според Министерството, предложената измена се врши поради зголемената пазарна вредност на градежното земјиште во однос на вредноста на градежното земјиште во 2005 година кога стапи во сила Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, а пред сѐ, да им се оневозможи на правни и физички лица, кои по основ на приватизација по досегашниот надомест за приватизација, ги реализираа градбите за намени предвидени со актите за планирање на просторот (колективно домување, комерцијални, деловни, стопански, производни објекти и објекти наменети за спорт и рекреација) и на овој начин стекнуваа имотна корист.

Додаваат дека висината на надоместот ќе зависи од тоа во кој од петте региони се наоѓа земјиштето и дали е во централно и надвор од централно подрачје.

Појаснуваат дека во скопските општини за неизградено земјиште за колективно домување и комерцијален деловен објект висината на надоместот ќе изнесува 13.140 денари за квадратен метар, за стопански производни објекти 8.760 денари и објекти за спорт и рекреација 4.380 денари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik