Се генерираат налози за исплатата на парите од „Мој ДДВ“

Bez autora
Aug 27 2024

Управата за јавни приходи извести дека денес се генерираат налози за отпочнување на исплатата на парите од „Мој ДДВ“.

„Известуваме дека во однос на враќање на дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки на физичките лица за последното тримесечје се генерираат налози за отпочнување на исплатата“, се вели во соопштението на УЈП.

За ова тримесечје ќе се исплатат околу 858.059.205 милиони денари на 491.407 граѓани кои скенирале фискални сметки за период април-јуни 2024 година“, велат од УЈП.

Исплатата доцнеше бидејќи се чекаше Собранието да го изгласа ребалансот на Буџетот.


Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik