Средба на министерот Дурмиши со турскиот амбасадор Улсој

Bez autora
Aug 22 2024

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска се сретна со турскиот амбасадор, Н.Е. Фатих Улусој.

Министерот Дурмиши и амбасадорот Улсој разговараа за економската соработка помеѓу двете земји и можностите истата да се продлабочи во наредниот период.

Министерот Дурмиши се заблагодари на целокупната поддршка што Република Турција ја дава за нашата земја почнувајќи од независноста, па до ден денеска.

„Република Турција е меѓу нашите најзначајни трговски партнери и земја која континуирано инвестира во македонската економија во разни сектори како стратешки инвестициски партнер. Податоците за трговска размена покажуваат дека Република Турција минатата година е рангирана на 7-то место на листата на земји со кои Република Северна Македонија остварува најголем обем на трговска размена. Се надевам дека во наредниот период оваа соработка дополнително ќе се продлабочи“, кажа министерот Дурмиши на средбата.

Како што потенцираше министерот, Министерството за економија и труд во наредниот период ќе биде фокусирано на поддршка на домашните, но и на странските компании кои работат во земјава, како и поддршка и развој на пазарот на труд, како нова надлежност која ја презема.

„Министерството за економија и труд и јас како министер и во наредниот период ќе работам во насока на создавање на услови за интензивирање на соработката меѓу бизнисите од двете држави, со цел зголемување на трговската размена“, кажа министерот Дурмиши.


Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik