Дизелот поскапува за три денари, бензините за половина денар

Bez autora
Aug 30 2022

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41% во однос на одлуката од 26.08.2022 година.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41% во однос на одлуката од 26.08.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,173%,  кај  дизелот зголемување во просек за 3,246%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 1,720% и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,255%.

Малопродажните цени на бензините  ЕУРОСУПЕР БС-95 и  ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,977 ден/кг

Од 30.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС –  95 –  89,50 (денари/литар);

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 –  92,00 (денари/литар);

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 101,50 (денари/литар);

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)    97,50 (денари/литар);

– Мазут М-1 НС –  53,955 (денари/килограм).

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0, 411%.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik