Ocenite tekst
Во РЕК „Битола“ во полн ек е ремонтот на Блокот 1. Во активностите се вклучени вработени на комбинатот и стручни лица од домашни компании.
Поради енергетската криза во државата и Европа, ремонтите на блоковите во РЕК „Битола“ годинава ќе бидат изведени за помалку од 30-ина дена наместо вообичаените 45 и повеќе. Фокусот е ставен на највиталните делови од постројките, кои по техничко-технолошкото освежување, треба да обезбедат стабилност на производството.
Ремонтот на Блокот 1 на РЕК „Битола“ предвидено е да заврши до 15 октомври по што ќе следуваат исти активности и на Блокот 2. Во меѓувреме, се очекува да пристигне трансформаторот за Блокот 3 по што РЕК „Битола“ би продолжил со работа со полн капацитет.