Енергетската криза ќе ги легализира и големите дивоградби. Компаниите, кои имаат бесправно изградени објекти ќе добијат решенија за легализирање на нивниот бесправно изграден имот, доколку постават фотоволтаици на крововите во рок од една година.
Ова го предвидуваат измените на Законот за градење, кој е донесен само пред десет дена.
Раководителот на одделението за урбанизам, Лазар Хаџи Николов појаснува дека во објектите или дел од нив треба да се стопанисува со лесна незагадувачка индустрија и да се наоѓа на земјиште кое согласно урбанистичко планската документација е предвидена за соодветната намена и да има регулиран правен статус.Со поедноставена постапка, на деловните објекти ќе можат да се постават фотоволтаици со моќност до 40 киловати. До сега во општината на 30 индустриски капацитети им е одобрена дозвола за градба на фотоволтаични централи. Стопанствениците во еден момент биле приморани да се одлучат за ваква инвестиција.
– Можат да поднесат барање за добивање на одобрение за градење за бесправно изградениот објект, со тоа што ова барање можат да го поднесат во рок од 3 месеци. Меѓутоа, ваквите субјекти, односно баратели, ќе имаат обврска во рок од една година, на своите кровови да постават фотонапонски панели. Доколку по истекот на една година се утврди дека не се поставени фотонапонските панели, одобрението ќе биде поништено. -изјави Лазе Хаџиниколов, одделение за урбанизам – ЛС Штип.
– Бевме доведени во ситуација да мораме да поставиме, инаку, другата опција беше за месец, два или три, да се затвори фирмата. Тоа беше состојбата кај повеќето фирми. Толку беше фрапантен тој скок на цените- изјави Кирил Нашков, сопственик на текстилна конфекција.
Владата ги поедностави и постапките за легалните стопански капацитети, кои ќе можат да постават сончеви цетрали со моќност до 40 киловати.
Во Општина Штип досега 30 штипски компании имаат побарано дозволи за градба на фотоволтаични централи на кровните конструкции.
Во индустриската зона во поранешен Астибо нема комапнија, која не произведува струја од сонцето.
Во земјава се појавија и голем број на фирми, кои монтираат фотонапонски централи.
Понудите се различни,но и квалитетот на фотонапоските панели.