Ковачевски: 80 милиони евра поддршка од Европската Унија за Северна Македонија за справување со енергетската криза

Bez autora
Oct 27 2022

Европската Унија на Северна Македонија ќе ѝ даде финансиска поддршка за справување со енергетската криза.

Првата транша е во износ од 80 милиони евра, која ќе биде искористена за буџетска поддршка во државата до крајот на годината, соопшти претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на денешната заедничка прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.

„Разговаравме со претседателката на Европската комисија, разговаравме и на ниво на европски комесари за финансии и на ниво на европски комесари за енергетика. Во сите тие разговори учествуваа и министрите за економија и за финансии. Првата транша помош, како што рече и претседателката на Комисијата, е 80 милиони евра грант, кој ќе биде искористен за буџетска поддршка во државата до крајот на годината. Значи, во наредните два месеца ќе бидат направени сите формалности и веќе од јануари ќе можеме да ги повлечеме средствата за буџетска поддршка. Тоа значи дека тие финансиски средства во најтешките месеци (јануари, февруари, март) ќе може да бидат искористени за справување со енергетската криза, односно за намени што буџетот ќе ги предвиди за 2023 година, кој набргу ќе биде одобрен на Влада и ќе влезе во Собранието“, посочи премиерот Ковачевски.

Притоа премиерот Ковачевски потенцира дека тоа нема да биде единствената помош бидејќи потоа, како што соопшти и претседателката на Европската комисија, Фон дер Лаен, веќе се размислува и за нова помош не само во грантови туку и во регионална помош за финансирање капитални проекти за поврзување со гас и за обезбедување нови извори на снабдување со електрична енергија. Тука, како што изјави премиерот Ковачевски, пред сè мисли на големи проекти што се планирани во регионот за изградба на гасни централи и на други енергетски постројки за стабилизирање на производството на електрична енергија во целиот регион на Западен Балкан.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik