Треба да се градат електрани од разни обновливи извори наместо само фотоволтаични

Bez autora
Jan 19 2023

Северна Македонија треба да гради што повеќе електрани од обновливи извори на енергија, но тоа да бидат разни извори наместо само фотоволтаични, како што е состојбата во моментот, изјави Тодор Анѓушев, претседател на Групацијата на обновливите извори на енергија при Македонската енергетска асоцијација (МЕА) во Стопанската комората.

На конференцијата на Комората, со наслов „Економски предизвици во 2023 година: како да го одржиме економскиот раст и да ја трансформираме економијата“, Тодор Анѓушев предупреди дека моментниот тренд на приватните инвеститори да градат, пред сè, електрани на сончева енергија, може по одреден период да биде неисплатливо и да не одговара на потребите на системот и потрошувачката на пазарот.

„Во моментот има интерес за изградба на фотоволтаични електрични централи со инсталирана моќност од речиси 7 GW, што е многу. Северна Македонија треба да спроведе паметна стратегија и да се стимулираат инвестиции во обновливи извори, кои евентуално би можеле да обезбедат базна енергија, која е многу важна. Хидроелектрани, кои неоправдано се најдоа на удар како проект, потоа биогасни електрани, гасни, како и учество во некој регионален проект за нуклеарна електрана“, нагласи тој.

„Многу е важно што побргу да се изгради ‘Чебрен’ бидејќи тој е исклучително важен енергетски објект и е електрана од огромен интерес за Македонија и за регионот бидејќи е ревирзибилна“, порача во своето излагање Тодор Анѓушев, претседател на Групацијата на обновливите извори на енергија при Македонската енергетска асоцијација и управител на „Мали хидроелектрани“ ДОО Скопје и на ЕМС ДОО (Energy Maintenance Solutions), членки на групацијата „Феро инвест“.

Анѓушев укажа и дека за побрзо градење електрани од обновливи извори потребно е државата да ги олесни процедурите и да ја подобри регулативата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik