Владата: Произведена 100 проценти струја за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи

Bez autora
Oct 24 2022

ЕСМ во текот на вчерашниот ден произведе 12.040 MWh електрична енергија, соопшти Владата.

„Во Термоелектраните произведени се 9.105 MWh. Во функција се два блока на РЕК Битола и едниот блок на РЕК Осломеј. Во ТЕЦ Неготино во тек се сервисни и ремонтни активности со цел зајакнување на постројката за следниот период кога се очекува поголема потрошувачка на струја.

Во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци на 22.10.2022 година произведени се 2.935 MWh.

АД ЕСМ на 22.10.2022 година целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети“, велат од Владата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik