„Алкалоид“ АД Скопје регистрираше ново друштво во Романија

Bez autora
Sep 08 2022

По неколкугодишното присуство и успешно работење на романскиот пазар, „Алкалоид“ АД Скопје регистрираше ново друштво во Романија, со назив „Alkaloid Bucharest S.R.L.“.

Друштвото е 100 % во сопственост на компанијата. Ваквиот деловен потег е дел од долгогодишната развојна, деловна политика на компанијата, во насока на главните стратешки определби што се однесуваат на глобализацијата на брендот „Алкалоид“ и со цел зајакнување на постојните извозни позиции, особено на пазарите во Европската Унија.

Имајќи предвид дека повеќе од 65 % од пласманот на производите на компанијата се наменети за извоз, од исклучително значење е присуството на производствената програма на пазарите во ЕУ, како и проширувањето на нови пазари.

Во таа насока, новоотворениот правен субјект е седми по ред кој е основан во рамките на земјите членки на Европската Унија. „Алкалоид“ е присутен во Романија преку палетата на фармацевтски производи, како и преку програмата за хемодијализа, која вклучува неколку групи производи.

Реализираните продажби за 2021 година на пазарот во Романија изнесуваа 212,5 милиони денари, а во првата половина од 2022 година компанијата забележа раст од 140 % на овој пазар, споредено со истиот период од минатата година.

Со ваквиот потег „Алкалоид“ продолжува во насока на остварување на својата главна стратешка определба – развој во деловните контури на извозно ориентирана компанија со стабилна пазарна позиција.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik