„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022 година

Bez autora
May 04 2023

На манифестацијата беа доделени награди во вкупно 7 категории, а ’Алкалоид’ ја доби наградата како апсолутен победник, односно се закити со титулата "Најпосакуван работодавец за 2022 – најпосакувана македонска компанија".

Компанијата „Алкалоид“ е најатрактивен работодавец, односно најпосакувана македонска компанија за работа за 2022 година, според анкетата спроведена од веб-порталот на Агенцијата за посредување при вработување „Вработување.ком“. На јавното анкетно истражување спроведено во периодот од 26.5.2022 до 19.6.2022 година дури 41 % од вкупно 1.468 испитаници одговориле дека би сакале да работат во „Алкалоид“.

Наградата му беше врачена на Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, г. Живко Мукаетов, на манифестацијата конципирана како оскари за работодавците, „Работодавец на годината“, реализирана низ симболиката на 20-годишниот јубилеј на „Вработување.ком“.

Наградите за најпосакуван работодавец се доделуваат врз база на три критериуми: бројот на посети на огласите и на објавите на сајтот „Вработување.ком“, покажаниот интерес од апликантите и јавното анкетно истражување. На манифестацијата беа доделени награди во вкупно 7 категории, а „Алкалоид“ ја доби наградата како апсолутен победник, односно се закити со титулата „Најпосакуван работодавец за 2022 – најпосакувана македонска компанија“.

Како компанија во чија деловна стратегија и во стратегијата за општествена одговорност Луѓето се пред сѐ, „Алкалоид“ ќе продолжи да одржува и да креира високи професионални стандарди во работната средина која претставува кариерен предизвик за сѐ повеќе млади професионалци кои тежнеат својата кариера да ја градат во сопствената земја.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik