Пад на текстилната индустрија во Македонија

Bez autora
Jun 27 2024

И лон-производството во Македонија е во надолен тренд, во текстилната индустрија конфекциите се соочуваат со сѐ помалку налози од странските партнери, а некои од брендовите, според нашите извори, заминуваат во Египет, Мароко и други држави.

Според соговорниците, за жал, тоа се ефектите од тоа лон-производство во нашите конфекции, од кои како текстилна индустрија одамна зависиме.

Претставниците на брендовите за кои работи македонското текстилно лон-производство велат дека „ни старее работната сила во овој сектор“ и тие се во сѐ поинтензивна потрага на постабилно производство, квалитетна работна сила, со подобри квалификации и поефикасна, со помодерна автоматизација и модернизација во работењето. Експертите истакнуваат дека најголем број компании (над 90 отсто) работат според системот на лон-производство, додека само 10 отсто може да понудат целосен пакет на услуги.

Сврзани садови

Оваа тенденција на повлекување на брендовите од Македонија и дислоцирање во други држави предизвика домино ефект на опаѓање на бројот на текстилни работници и намалување на производствениот капацитет на текстилната индустрија во Македонија.

Заедничка констатација на неколку анкетирани работодавци во Штип е дека од ден на ден ситуацијата се влошува.

– До пред еден месец интензивно баравме повеќе работници. Паралелно со тоа баравме и од нарачателите повисоки цени за производите. Со тоа сакавме да им понудиме и повисока плата на работниците во текстилното производство. Но, ниту едниот ниту другиот предизвик не го решивме како што посакувавме. Така што сега имаме двоен проблем: странците видоа дека Македонија станува скапа за производство на текстил и отидоа во Северна Африка, па и на Далечниот Исток, а бројот на нашите работници континуирано опаѓа – се жалат работодавците.

Според нив, тоа е главната причина за повеќе од 20 отсто намалување на производството на машка и женска конфекција во некои текстилни компании.

Се очекува дополнителен пад на бројот на работници, како и на производството од 3 до 5 отсто за 2024 година

Според познавачите на текстилната индустрија, помалите конфекции се особено загрозени. Работодавците објаснуваат дека компаниите што изработуваат т.н. работна облека имаат мал пад на производството, но оние што работат во модната конфекција имаат многу поголем пад.

Според соговорниците, во текстилната индустрија во Македонија се очекува дополнителен пад на бројот на работници, како и на производството од три до пет проценти во текот на оваа година.

Оваа ситуација поставува сериозни предизвици за економијата на земјата, која традиционално се потпира на текстилната индустрија како значаен извор на работни места и приходи.
Според познавачите на македонската текстилна индустрија, таа до скоро претставувала една од водечките преработувачки индустрии со значителни резултати во формирањето на БДП, високото апсорбирање работна сила и извозот.

Имено, според соговорниците, само до пред три години во оваа индустриска гранка биле вработени околу 35.000 работници, што претставува приближно 27 отсто од сите вработени во производствениот сектор или околу 6,7 отсто од вкупниот број вработени во земјата. Соговорниците истакнуваат дека текстилната индустрија е извозно ориентирана и учествувала со околу 13 отсто во вкупниот бруто-домашен производ (БДП) и со 27 отсто во македонскиот извоз. Во однос на регионалната поставеност, текстилната индустрија просторно ја покрива целата територија на Македонија, со значителна концентрација во источниот дел од зeмјава.

Од друга страна, според нив, доколку тие 10 отсто на нашето текстилно производство што може да понудат целосен пакет на услуги (што не се лон- производство) се зголемат и текстилната индустрија здраво се реструктурира, тогаш и бројките на учество во БДП и во индустрискиот и економскиот раст би биле извонредно повисоки, а токму тоа треба да влезе и во новите реформски економски политики на новите власти.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik