Тренчевска: 3000 денари месечно за млади до 23 години кои работат во производство

Bez autora
Apr 27 2023

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ја посети компанијата Раде Кончар која работи на сервис и поправка на електрични производи.

Целта на посетата беше министерката да се сретне со млади лица кои работат во производство и лично да го промовира Законот за младински додаток.

Преку овој закон на младите лица до 23 години кои се во производствена дејност им се исплаќа надоместок од државата од 3000 денари месечно. Користењето на ова право прекинува со навршување на 23 години на младите лица. Со ова право во 2021 година биле опфатени вкупно 2500 лица, додека во 2022 година бројката се зголемила на 3500.

Министерката за време на нејзината посета во погоните за работа разговараше со вработените кои не ја искористиле мерката за младински додаток и ги советуваше за чекорите до користење на надоместокот од 3000 денари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik