Tутунски-Комбинат Прилеп минатата година забележал профит од 2.7 милиони евра

Bez autora
Mar 17 2024

Од финансиски приходи од своите вложувања, веројатно од фирма – ќерка, прилепскиот Тутунски комбинат оствари принос во вредност од 4 милиони евра и тие беа доволни да ја покријат загубата од 1,8 милиони евра од оперативното работење.

И на крај што би рекле прилепчани „да остане фазла“ и профит од 2,7 милиони евра – oбјави порталот “ФАКТОР.МК”.

Најголемиот тутунски комбинат во земјава и единствен државно поседуван годинава ја заврши со добивка од 2,7 милиони евра. Станува збор за државниот Тутунски комбинат Прилеп кој беше прва од сите откупувачи која ја зголеми цената на суровиот тутун за 15 отсто.

Официјалните податоци на компанијата покажуваат дека не заработиле од производството и продажба на тутун туку биле во загуба од 1,8 милиони евра на крајот на 2023 година. Но затоа пак благодарение на финансиските приходи од 5 милиони евра оваа компанија успеала да прокнижи нето добивка од 2,7 милиони евра.

Минатата година прилепскиот Тутунски комбинат од продажба на тутун инкасирал 13,45 милиони евра и тоа е резултат на ниво на претходната 2022 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik