Христијан Мицкоски најави германско-белгиска инвестиција, која ќе отвори над 100 работни места.
За нас, претставува особена чест и задоволство што можеме, еве, по нецели, би рекол, две недели, да ѝ посакаме добредојде на уште една инвестиција, која е околу 20 милиони евра, за почеток имаме нови 110 работни места. Ќе имаме развојно истражувачки центар, алерти-центар, нешто што до сега недостигаше или многу малку го има, рече премиерот Христијан Мицкоски и додаде:
„И она кото за нас е значајно е што тука не застанува оваа инвестиција, туку ќе продолжи и понатаму да се развива, односно да се зголемува и бројот на вработени и бројот на извоз, но исто така и самата инвестиција, која очекуваме најмалку да биде двојно зголемена во годините што следуваат“, посочи Мицкоски.
Како што вели Мицкоски, самата компанија е лидер на пазарот во Германија
„Очекуваме голем дел од компаниите што инвеститорот ги снабдува со своите производи да го следат примерот на инвеститорот и исто како што ‘Eпсотех’ дојде овде, да дојдат и тие да инвестираат. Нешто што ќе значи додадена вредност за нашата економија и нешто што ќе донесе повеќе средства во буџетот, повеќе средства за капитални проекти со фокус кон граѓаните. Нашата цел е со дела да ја сакаме Македонија“.