Мицкоски за инвестицијата на „Алказар енерџи“: 55 ветерници ќе произведуваат еден терават-час електрична енергија

Bez autora
Jun 26 2024

Ветерен парк со 55 ветерници кои ќе произведуваат еден терават час електрична енергија ќе се гради меѓу Карбинци, Штип и Радовиш.

Инвестиција на „Алказар Енерџи“ која беше прмовирана денес е во вредност над 500 милиони долари и ќе преставува 20 проценти од целокупното производство на електрична енергија во земјава.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ова е најголемата инвестицијата досега во делот на обновливи извори на енергија во регионот. Како што објасни, планирано е инсталирање на 55 ветерници што ќе произведуваат еден терават час електрична енергија или еден милион мегават часови, што е приближно 20тина проценти од целокупното производство на електрична енергија во земјава.

Инвестицијата треба да отвори нови 630 вработувања.

„Со завршување на овој проект дури 100.000 македонски домаќинства ќе можат да се снабдуваат со електрична енергија од овие ветерници. Морам да напоменам дека овој проект е значаен од многу аспекти. Со него ќе се зајакне значително енергетската независност, нешто што е наша цел, но исто така, ќе го зголеми обемот на инвестиции и ќе отвори пат за нови инвестиции. Ваков тип на инвестиции покажуваат дека довербата во оваа Влада уште на самиот почеток е голема и дека како опозиција работевме и сега како Влада само ќе продолжиме со зајакнато темпо да работиме. Нашиот став е јасен – Мора да ја направиме енергетски независна. Кого зборувам енергетска независност, мислам енергетски независни од електрична енергија, бидејќи нормално е дека електричната енергија не е единствениот енергенс. Тука зборуваме за нафта, за гас итн. Кога зборуваме за енергетски независни, зборуваме за енергетски независни во делот на електричната енергија. И тоа може да се реализира само со детален план за енергетиката каде верувам и знам дека ќе имаме голем напредок“, рече Мицкоски.

Првиот човек на Владата истакна дека тој е тип на човек кој сака да види конкретни дела, а не се потпира само на даден збор. Во таа насока, Мицкоски изјави: така и функционирам, а така ќе функционира и оваа Влада.

Изјави дека е задоволен што Алказар Енерџи пред неколку недели успеа да ја затвори финансиската конструкција за изградба на најголемиот парк на ветерници во регионот.

„Од земја увозник, ќе повторам наша цел е да станеме и земја извозник на електрична енергија“, рече Мицкоски.

Со оглед на обемноста на самиот проект, се очекува изградбата да започне во втората половина од 2025 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik