Собранието го усвои Законот за задолжување со заем кај Европската инвестициска банка (ЕИБ) по Финансискиот договор за Проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Македонија, во висина од 50 милиони евра.
„Со обезбедените финансиски средства од заемот кај ЕИБ, ќе продолжи поддршката за сите општини за воспоставување на основната инфраструктура за обезбедување чиста вода за сите жители во државата, а реализацијата на проекти ќе се изврши од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија во себе опфаќа: рехабилитација, модернизација и проширување/изградба на инфраструктурата за водоснабдување, инфраструктура за собирање и третман на отпадни води, системи за атмосферска канализација и итни мерки за заштита од поплави, како и за набавка на специјализирана опрема за одржување“ .