Охридските станови без стопан

Bez autora
Aug 07 2012

Запре продажбата на станови во Охрид. Споредено со изминатите години состојбата на пазарот со недвижности е загрижувачка. Драстично опаѓа побарувачката за новоизградените станови, а причината според упатените е слабата куповна моќ на граѓаните. Единствено во Охрид можат да купат стан Македонци кои живеат во странство, печалбари или луѓе од Скопје и Битола и имаат поголема куповна моќ. Не паметам кога охриѓанец купил стан во мојава агенција ако не е искомпензиран - вели Александар Трајковски од агенцијата за недвижности Енхелеја". Според него единствено побарувачка има за еднособните станови кои се движат од 700 до 900 евра за квадратен метар. Единствено во Охрид можат да купат стан Македонци кои живеат во странство, печалбари или луѓе од Скопје и Битола и имаат поголема куповна моќ. Не паметам кога охриѓанец купил стан во мојава агенција ако не е искомпензиран - вели Александар Трајковски од агенцијата за недвижности Енхелеја"...

Охридските станови без стопанЗапре продажбата на станови во Охрид. Споредено со изминатите години состојбата на пазарот со недвижности е загрижувачка. Драстично опаѓа побарувачката за новоизградените станови, а причината според упатените е слабата куповна моќ на граѓаните. 

-Единствено во Охрид можат да купат стан Македонци кои живеат во странство, печалбари или луѓе од Скопје и Битола и имаат поголема куповна моќ. Не паметам кога охриѓанец купил стан во мојава агенција ако не е искомпензиран - вели Александар Трајковски од агенцијата за недвижности Енхелеја". 

Според него единствено побарувачка има за еднособните станови кои се движат од 700 до 900 евра за квадратен метар. 

-Нив ги има се помалку во строгиот центар на градот, се е премногу изградено. Додека, пак, слободна урбанизирана парцела во центарот скоро и да нема, а искрено и не паметам во мојата агенција да се продала поголема и повредна куќа - нагласува Трајкоски.

Според Наташа Спасеска, менаџер во Агенцијата за недвижности Капитал консалтинг", продажбата на станови драстично е опадната затоа што граѓаните изминативе месеци ја чекале поволната понуда на проектот Купи куќа-купи стан".

Од агенциите за недвижности апелираат градежните компании да ги намалат цените за квадратен метар во спротивно зградите ќе останат споменици" на градот. Агенциите едногласни и во ставот дека странците пак кои имаат желба но и пари за стан се спречени да се обезбедат станбено.

- Странците кои покажуваат интерес за купување куќа во Охрид, се соочуваат со проблемот регулирање на нивниот престој во земјава. Македонските граѓани, пак, најчесто бараат да купат помали станови - велат тие.

Градежните компании со став дека цената не зависи од нив.

- Висината на цената на становите ни ја диктира побарувачката на сопствениците од кои го откупуваме земјиштето за да градиме - вели Стојче Петрески од фирмата "Три ортаци". 

Во Охрид сега можат да купуваат станови по пониски цени, но како што велат познавачите на приликите, тоа зависи и од местоположбата на новоизградените објекти. По цена до 900 евра ќе се нудат и станови во комплексот Бејбунар каде што во моментов се градат триесеттина згради на површина од 250 илјади метри квадратни. 

-Објектот треба да биде со препознатлива архитектура изграден по најновите светски стандарди за квалитет и енергетска ефикасност. На граѓаните треба да им се понуди квалитетно и економично домување со заштеда на енергија и пари, што е посебно важно во ова кризно време, а претставува добра основа за поздрав живот на идните генерации, велат од АДОРА Инженеринг.

И во строгиот центар на градот може да се најдат новоградби за 900 евра од метар квадратен, но тоа се најчесто објекти кои не се на главните улици, туку во помалите сокачиња. 

Сепак, велат градежниците, останува високата сума од 1.200 до 1.300 евра за квадрат за градбите во атрактивните делови од градот, како што е охридското крајбрежје.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik