Дополнителни субвенции за овоштарство

Bez autora
May 15 2024

Овоштарите можат да поднесуваат барања за дополнителни субвенции за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или во преработувачки капацитети во период од 15-ти септември 2023 година до 15-ти јануари 2024. Субвенцијата изнесува 2 денари по килограм…

Производителите на јаболка од 10-ти мај 2024 година можат до Платежната агенција да поднесуваат барања за дополнителни директни плаќања за предадениот род кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои се пријавиле за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година за одржување на постоечки јаболкови насади и ако производство е продадено кај регистриран откупувач од 15-ти септември 2023 до 15-ти јануари 2024 година.

Максималното количество на јаболко прифатливо за финансиска поддршка е 60.000 кг по хектар што ќе се пресметува врз основа на големина на пријавената површина во 2023 година за одржување на овоштарникот.

Висината на директните плаќања изнесува 2 денари по килограм.

Земјоделското стопанство барањата ги поднесува електронски до Агенцијата а доколку има потреба од помош можат да се обрати во подрачните единици на Министерството за земјоделство.

Со барањето се доставува и потврда за преземените количества издадена од страна на откупувачот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik