Финансиска поддршка во овоштарството

Bez autora
Jul 30 2024

Овоштарите директните плаќања ги добиваат по 4 основи. Парите се наменети за одржување на овоштарниците, за предаденото овошје во домашните преработувачки капацитети и за подигнување на насади со нови сорти.

Пријавувањето е до 31-ви јули, а право на субвенции имаат и производителите на домашни овошни садници…

Корисници на финансиската поддршка во овоштарството се земјоделските стопанства кои имаат насадени површини од минимум 2 декари збирно за сите видови овошки.

Финансиската поддршка изнесува 12.000 денари по хектар. Доколку се пријавени поголеми површини таа скалесто се намалува. Од 0,2 до 5 хектари субвенцијата е 100 проценти, од 5 до 30 е 60 и над 30 хектари е 30 насто за секој култура одделно.

За производството на јаболко предадено на регистриран откупувач, за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, за домашни потреби или за продаденото на пазар се добиваат по 30.000 денари за хектар. За слива и праска субвенцијата изнесува 25.000, а за вишна, цреша, кајсија и круша е по 22.000 денари.

По 3 денари за килограм можат да добијат и производителите на праска, вишна, малина, капина, кајсија, јагода и калинка доколку ги предадат во конзервната индустрија од 26-ти декември 2023 година до 25-ти декември 2024 година. Пријавувањето трае до 31-ви јули годинава.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik