Градинарите од струмичко во неизвесност по која цена ќе се продава црвената пиперка

Bez autora
Jul 03 2024

На месец дена пред стартот на бербите, градинарите од струмичко не знаат по која цена ќе ги продаваат црвените пиперки.

Нема договорено производство заради што бараат средба на сите вклучени во процесот да се договорат откупните цени…

На месец дена пред стартот на бербата на црвените пиперки во струмичко, земјоделците бараат одговор по која цена ќе се откупува. Пиперката е суровина за преработувачките капацитети во земјава а добар дел се откупува и за странство. Земјоделците бараат средба за да знаат за потребите на пазарот.

Панов бара за време на екот на сезоната почитување на законот за неделни откупни цени при што ги повика инспекторите почесто да бидат на терен, кај откупните пунктови.

Договореното производство тешко функционира во Југоистокот, заради што честопати се случува земјоделците да излегуваат на протести, незадоволни од пласманот и откупните цени.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik