Најава за нов јавен повик од ИПАРД 3 програмата

Bez autora
Feb 05 2025

Земјоделците кои сакаат да инвестираат во своето производство можат да се подготвуваат за аплицирање на новиот јавниот повик од ИПАРД 3 програмата.

Неповратната финансиска поддршка се однесува за инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства. Кофинансирањето е најмалку 60 проценти од вложените средства …

Земјоделците можат да се подготвуваат за аплицирање на новиот јавен повик од ИПАРД 3 програмата. Платежната агенција објави најава за поддршка на  во основни средства на земјоделски стопанства.инвестициите

Прифатливи се набавките на градежни материјали за изградба или реконструкција на згради и објекти, на нова земјоделска механизација или на повеќегодишни растенија.

Барателите треба да имаат најмалку 0,3 хектари земјоделско земјиште за  во оранжерии или 1 хектар за одгледување на повеќегодишни растенија, зеленчук, житни и индустриски или за производство на добиточна храна. инвестиции

Кофинансирањето е 60 проценти од трошоците кое може да се зголеми до 65 доколку  е во планинските подрачја или до 70 за млади земјоделци. инвестицијата

Инвестициите треба да се од најмалку 20 000 до најмногу еден и пол милион евра за поединечен проект.

Јавниот повик ќе трае 45 дена од денот на неговото објавување.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik