СДСМ од оваа година спроведува нови мерки за унапредување на лозарскиот сектор и поголема поддршка за лозарите. 60.000 денари по хектар, вкупна поддршка, за семејни земјоделски стопанства, кои го произвеле и продале винското грозје, врз основа на склучен договор со регистриран производител на вино, со принос од најмногу 10.000 килограми по хектар и исплатена цена по килограм не пониска од 35 денари, соопшти СДСМ.
„Од вкупната субвенција, лозарите добиваат 12.000 денари авансно и 48.000 денари дополнителна поддршка.
Од оваа година поддршката за мерката зелена нафта е зголемена на 100%, за сите земјоделци. Лозарите сега добиваат 9.600 денари по хектар поддршка за зелена нафта.
Лозарите до 14 февруари можат да очекуваат исплата на дополнителна поддршка до 40.000 денари, по хектар и тоа дополнителни субвенции, или 28.000 денари и 12.000 денари по хектар дополнителна поддршка за претрпени штети по лозовите насади, до секој лозар и за винско и трпезно грозје.
Подготвен е нов закон за вино, кој го отцртува идниот развој на овој сектор и предвидува нова посебна програма за поддршка.
СДСМ продолжува со силна поддршка за лозарството и винскиот сектор, кои имаат стратешка економска важност и претставуваат своевиден препознатлив заштитен знак на Македонија“, се наведува во соопштението на СДСМ.