Објавени пет јавни повици за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

Bez autora
Jan 07 2025

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави пет јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

Првиот јавен повик се однесува за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектар, додека пак другите четири се однесуваат за доставување понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари за различни региони и катастарски општини.

Понудите се поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Јавниот повик во дневните весници кои се издаваат во Република Македонија, до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Јавните повици се објавени и на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik