Пари за подигнување на нови лозови и овошни насади

Bez autora
May 09 2024

Почна пријавувањето за субвенции за нови лозови и овошни насади. Поднесувањето на барањата ќе трае од крајот на овој месец, а земјоделците кои инвестирале во ова производство ќе добиваат до 600.000 денари финансиска поддршка…

До 31-ви мај лозарите и овоштарите ќе можат да аплицираат за финансирање на нови насади како и за насади со ароматични и медоносни растенија подигнати во периодот од 1-ви мај до 31-ви декември 2023 година.

Субвенциите се од 50 до 75 проценти во зависност дали се работи за млад земјоделец и дали овоштарникот или медоносните насади се наоѓаат во земјоделски неразвиено подрачје.

Право на овие пари имаат евидентираните земјоделци кои пред поднесување на барањето ги платиле сите обврски кон Платежната агенција и Министерството за земјоделство.

Аплицирањето е со доставување на документи за направените прифатливи трошоци, а максималната вредност која може да се добие е до 600 илјади денари.

Барателите со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на аплицирањето.

Рокот за пријавување истекува на 31-ви мај 2024 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik