Повик за финансирање на рибарството

Bez autora
Sep 30 2024

Објавен е јавниот повик за субвенции во рибарството. Парите се наменети за изградба на нови или проширување и модернизација на постојните капацитети.

Финансиската поддршка се исплаќа со кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции. Повикот трае до 23-ти октомври.

Право за користење на финансиската поддршка за инвестиции во бизнисот со рибарството имаат фирмите регистрирани за оваа дејност кои имаат или користат имот на кој ќе градат рибници и дозвола за користење на вода во зоните предвидени за аквакултура.

Парите се наменети за изградба на нови или проширување и модернизација на постојните капацитети.

Вкупно за оваа намена се предвидени 3,7 милиони, а еден корисник може да добие најмногу до 720 илјади денари.

Финансиската поддршка се исплаќа со кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции во висина на 50 проценти на прифатливите трошоци.

Кофинансирањето се зголемува и до 65 отсто кога барателите се млади или жени и доколку земјоделското стопанство се наоѓа во ридско-планинско рурално подрачје.

Добиената финансиска поддршка е неповратна.

Барателите не смеат да ја почнат инвестицијата пред да потпишат договор со платежната Агенција.

Крајниот рок за аплицирање е до 23-ти октомври.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik