Распишан повик за мерка 3 од ИПАРД 3 програмата со буџет од 14 милиони евра

Bez autora
Apr 15 2024

Стартува повикот за мерката 3 од новата ИПАРД 3 програма, со вкупен буџет од 14 милиони евра за инвестиции од оваа мерка.

Мерката 3 се однесува на инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи.

Како приоритетни сектори во рамки на мерката 3 се: Млеко и млечни производи; Месо и производи од месо (вклучувајќи јајца и живина); Овошје и зеленчук (вклучувајќи компири и мешункасти култури); Житарки, мелнички производи и скроб; Растителни и животински масти и масла; Шира, вино, други ферментирани пијалаци, жестоки алкохолни пијалаци и оцет; Риба и рибни производи; Сточна храна и од фуражни култури; Други производи произведени врз основа на производите опфатени со Анекс I од Договорот; Производство на енергија преку преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса.

Финансиската поддршка, кај оваа мерка, се однесува на кофинасирање на инвестицијата до 50% од вкупно прифатливите трошоци. Поддршката по оваа мерка, може да достигне и до 60% кофинасирање, кај инвестиции во енергетска ефикасност, производство на биомаса и обновливи извори на енергија за сопствени потреби.

Минималната прифатлива вредност кај мерката 3 е инвестиција до 50.000 евра, додека максималната поддршка може да достигне до 1,5 милиони евра, по корисник.

Како корисници кај мерката 3 се јавуваат правни лица регистрирани во Централниот регистар на РСМ, како правни лица, согласно Законот за трговските друштва, и кои вработуваат помалку од 250 лица и кои имаат годишен обрт кој не надминува 50 милиони евра, и/или годишен биланс на состојба кој не надминува 43 милиони евра што одговара на сегашната дефиниција за микро, мали и средни претпријатија (МСП) која е содржана во Препораката на Комисијата 2003/361/ЕЗ.

Потоа задруги регистрирани во Централниот регистар во согласност со Законот за задруги и првенствено се занимаваат со земјоделска дејност, преработка на земјоделски производи и/или услуги директно поврзани со земјоделски активности. Како и здружени правни лица (за колективни инвестиции) кои се контролирани од земјоделски производители и се признати како такви според законот.

Заинтересираните апликанти повеќе информации за начинот на аплицирање, потребната документација, условите и прифатливите трошоци за инвестицијата, можат да најдат на веб страната на Платежната Агенција.

https://www.ipardpa.gov.mk/mk/Home/IpardPovici/30

Земја лидер сме во спроведувањето на ИПАРД 2 програмата, со над 2.100 реализирани договори и искористени скоро 100% од средствата, односно 59,7 милиони евра. Лидерската позиција ја потврдиме и сме прва земја во регионот која успешно, на 1 септември 2023 година, ја започна реализацијата на новата ИПАРД 3 програма распишувајќи го повикот за мерките 1 и 7, ставајќи ги на располагање првите 30 милиони евра, поддршка за инвестиции.

Од страна на Платежната Агенција започнат е процесот за обработката на пристигнатите апликации од првиот повик за мерките 1 и 7. Очекуваме веќе во втората половина од годината да се склучат и договорите од првиот повик за мерките 1 и 7, а потоа да биде распишан и нов повик за овие мерки од ИПАРД 3 програмата.

Новина во ИПАРД 3 програмата е можноста за 50% авансна исплата на одобрената финасиска поддршка, веднаш по потпишувањето на договорот.

МЗШВ ги повикува сите заинтересирани апликанти, навремено да се информираат за повикот и да аплицираат, искористувајќи ја можноста која преку оваа мерка од ИПАРД програмата им се става на располагање.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik