До 25-ти декември производителите на органска храна можат да поднесуваат барања за субвенции. Пријавувањето е електронски преку Платежната агенција, а парите се наменети за поддршка на одредени активности во производството и во трговијата во оваа прехранбена дејност…
До 25-ти декември земјоделците може да се поднесат барања за финансиска поддршка за органските производи, нивните преработки, доработка, пакување и продажба.
За преработките од домашното сточарско и растително потекло производителите на органско кравјо, овчо и козјо млеко и сирење регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози, кои произведуваат храна со традиционални карактеристики и во објекти во постапка за евидентирање на производство според традиционални методи, можат да се добијат субвенции во висина од 10 проценти од вредноста на производот, но не повеќе од 150.000 денари по оператор.
Со 5 отсто или до 150.000 денари се поддржува и трговија или извозот на свежи и преработени органски производи и преодот од неорганско во органско производство.
Трошоците за стручната контрола и сертификацијата, државата ги покрива со 50 проценти, а со 80 анализите на карактеристиките на почвата, односно откривање на остатоци од пестициди, тешки метали и други штетни материи.
Пријавувањето трае до 25-ти декември.