Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува сите земјоделци дека во тек е пријавувањето за дополнителните директни плаќања од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година.
Напоменуваме дека крајниот рок за поднесување на барањата е до 25 декември 2023 година.
Како корисници на подмерката 1.7 се јавуваат земјоделски стопанства, кои имаат засадено површини со градинарски култури и се корисници на подмерката 1.4 директни плаќања за обработлива земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници.
Оствареното производство да им е предадено во преработувачки капацитет за зеленчук директно или преку еден регистриран откупувач во периодот од 26 декември 2022 година до 25 декември 2023 година, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделскитње производи.
Земјоделците барањата ги поднесуваат во електронска форма, со најава во системот преку линкот „Директни плаќања е-субвенции“ на веб-страницата од АФПЗРР https://www.ipardpa.gov.mk. Пополнетото барање потребно е да се испечати и потпишано да се достави во писмена форма до АФПЗРР преку пошта или директно до архивата на Агенцијата.
Покрај пријавувањето за мерката 1.7, земјоделците може да се пријават и за мерките:
„Мерка 1.3 дополнителни директни плаќања од подмерката 1.1. за
остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и
афион“,
„Мерка 1.5 дополнителни директни плаќања од подмерката 1.4. за остварено
производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и
компир на отворено и во пластеници“,
„Мерка 1.9 дополнителни директни плаќања од подмерката 1.8. за остварено производство на овошје“,
„Мерка 1.10 дополнителни директни плаќања од подмерката 1.8. за овошје предадено во преработувачки капацитети“,
„Мерка 1.13 дополнителни директни плаќања од подмерката 1.12. за остварено производство на грозје“ и
„Мерка 2.20 директни плаќања за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед“.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, упатува апел до сите земјоделци навремено да ги пополнат барањата и да се пријават остварувајќи го правото за дополнителни директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади.