Премиерот Димитар Ковачевски, денеска беше во посета на компанијата „Еврос Комерц“ од Старо Нагоричане, специјализирана за производство на фина картонска амбалажа.
Компанијата е помогната со државна помош од над 56 илјади евра, финансиски средства кои ги искористиле за набавка на висококвалитетна машина за виткање и лепење на кутии за фармацевтската индустрија, како и за нов производствен погон за виткање и лепење на упатства за лекови.
Во 2018 година го инициравме Законот за финансиска поддршка на инвестициите, којшто беше усвоен и во Собранието со цел да обезбедиме помош и поддршка, покрај странските и на домашните компании. Само во текот на 2022 година, по основ на овој закон, обезбедивме 23 милиони евра директна финансиска помош за 410 компании, што е најголема државна поддршка за домашни компании досега. И покрај сомневањата, сепак успеавме да се издигнеме над предизвиците, да обезбедиме помош за најранливите категории на граѓани, меѓутоа и да обезбедиме финансиска помош компаниите кои работеа за време на кризата и да можат да инвестираат и да ги задржат работните места и работниците да добиваат редовно плати“, рече Ковачевски.
Според него, преку професионализмот, стручноста и посветеноста на компаниите се издигнуваме над границите на нашата земја и стануваме препознатливи во светот.