Со инфраструктурните проекти од програмата на ТАВ го подобруваме квалитетот на живот на сите наши граѓани

Bez autora
Mar 26 2023

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, ја посети општина Чучер Сандево, каде што e завршен инфраструктурен проект од ТАВ-програмата.

„Во оваа општина се работеше на реконструкција со асфалтирање улица во должина од 2 километри, која ги поврзува селата Мирковци и Бањани, односно поврзува 2 илјади наши сограѓани од овие села или речиси 10.000 сограѓани од целиот овој регион, кои секојдневно ја користат.

Токму ова се придобивките од инфраструктурните проекти на ТАВ-програмата, локални инфраструктурни проекти во сите општини, во целата држава, кои го подобруваат квалитетот на живот на сите наши граѓани“, изјави Битиќи.

Тој информира дека веќе се реализирани 70 % од почнатите проекти од ТАВ-програмата, а сите ќе бидат завршени во предвидениот рок до крајот на 2023 година.

„Со добро планирање и работа, сѐ се може! Градиме водоводи, канализации, спортски сали, патишта и улици, градинки, домови за стари лица, младински центри, инфраструктурни проекти, кои се значајни за сограѓаните што живеат во овие општини.

Ја јакнеме локалната инфраструктура, задоволен сум кога ја гледам динамиката на реализација на проектите, тоа значи дека моите сограѓани добиваат и квалитет и навременост“, изјави Битиќи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik