„Лидл“ ќе гради логистички центар во Куманово

Bez autora
Sep 05 2023

Општина Куманово соопшти дека на јавно наддавање продаде земјиште на трговскиот ланец „Лидл“ за изградба на логистички центар.

Постапката за отуѓување на градежно земјиште е спроведена по пат на електронско јавно наддавње, со намена Г4-стоваришта и складови на локација во новата индустриска развојна зона во Горно Коњаре, м.в. Новине и м.в.Речица.

На јавното наддавање по пат на електронска аукција биле пријавени три компании, а најповолен понудувач со највисока понудена цена била компанијата ДТМ ЛИДЛ Северна Македонија ДООЕЛ, со седиште во Скопје. Најповолната понуда изнесува 1906 денари за 1м2, или вкупно за 170.996м2 (~17ха) е 325.920.015,00 денари (~5,3 мил. Еур).

По завршување на административната постапка за избор на најповолен понудувач и по исполнување на сите услови пропишани во јавниот повик, имотот ќе премине во сопственост на најповолниот понудувач по што ќе следува реализација на инвестицијата, информираа од Општина Куманово.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik