„Отворен Балкан“ го забрзува протокот на луѓе, стоки и капитал

Bez autora
Jul 17 2023

Премиерот Ковачевски од граничниот премин Табановце, заедно со српската премиерка Ана Брнабиќ, истакна дека иницијативата „Отворен Балкан“ работи на забрзување на протокот на луѓе, стоки и услуги и на капитал.

„Благодарение на оваа иницијатава трговската размена меѓу двете држави е зголемена над 25% од нашата страна на 50% е зголемен извозот кон Србија. Исто така и од Србија е зголемен извозот кон Северна Македонија“, рече Ковачевски.

Тој потенцира дека бројот на туристи кои во текот на изминатите две години доаѓаа во нашата држава е за 500% поголем од пред воспоставувањето на иницијативата Отворен Балкан.

-Она што следува е воспоставување на софтверското решение за непречена размена на работници, да може секој да дојде да се регистрира преку единствен софтвер и во Србија и во Северна Македонија и во Албанија без административни процедури кои денес траат по три месеци. Ние ќе работиме уште повеќе на зголемувањето на размената. Македонците сакаат српски производи, Србите сакаат македонски производи и за таа цел мешовитата трговска комисија ќе работи на то поголемо зближување и на компаниите, отворање на двата пазари и тргање на сите бесцарински бариери кои во моментов ги има, а кои во текот на минатата година ги намаливме, вели премиерот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik