Инфлацијата зголемена во мај: поскапеа храната, водата, рестораните, облеката, мебелот, горивата

Bez autora
Jun 10 2024

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на живот во мај 2024 година во однос на април 2024 година изнесува 0,9 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците, зголемувањето на инфлацијата во мај 2024 година во однос на април 2024 година е резултат на зголемувањето на трошоците на живот во следните групи: ресторани и хотели 3,1 %, рекреација и култура 2,1 %, транспорт 1,9 %, облека и обувки 1,5 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата 1,0 %, храна и безалкохолни пијалаци 0,7 %, разновидни стоки и услуги 0,4 %, домување, вода, електрика, гас и други горива, здравје 0,1 %.

Во мај 2024 година во однос на април 2024 година намалување на трошоците на живот е забележано во групата комуникации – 0,3 отсто.

Трошоците на живот во групите: алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование остануваат на исто ниво како и претходниот месец.

Индексот на цените на мало во мај 2024 година во однос на април 2024 година изнесува 101,3.

Индексот на трошоците на живот во мај 2024 година во однос на мај 2023 година бележи зголемување од 4,5 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5,8 %.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik